Министерството за финансии за утре има закажано ново задолжување на домашниот пазар.
Според најавата, државата ќе побара 4.878.048 евра, преку 12-месечни државни записи и уште 5.934.959 евра преку 15-годишни државни обврзници. Вкупната сума е над 10,8 милиони евра.
Инаку, после издавањето на еврообврзницата, јавниот долг, според опозицијата е над 50 посто од БДП, што го потврди и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.