Њујорк: Зајакнати безбедносни мерки пред Денот на благодарноста

Сподели

Властите во Њујорк донесоа одлука за зголемување на безбедносните мерки по најавите на ДЕАШ дека една од наредните цели е прошетката за Денот на благодарноста во центарот на Њујорк

thumbs_b_c_a88ba835c6fc9710a3281b75d905c44a

ЊУЈОРК (АА) – Њујоршката полиција ги засили безбедносните мерки пред прославата на Денот на благодарноста, откако терористите на ДЕАШ упатија закани, јавува Anadolu Agency (AA).

Властите во Њујорк донесоа одлука за зголемување на безбедносните мерки по најавите на ДЕАШ дека една од наредните цели е 24 ноември, односно прошетката за Денот на благодарноста во центарот на Њујорк.

Во пропагандното списание на ДЕАШ „Румијах” е објавено дека прошетката низ Менхетен во Њујорк, на 24 ноември, Денот на благодарноста е совршена можност за напад со автомобил-бомба.

Официјалното лице од Њујоршката полиција за борба против тероризмот, Џон Милер, за медиумите соопшти дека полицијата е секогаш подготвена за ваквиот тип на закани.

Милер истакна дека на денот за прошетката во Менхетен ќе бидат затворени сите споредни улици, дека безбедноста ќе биде на ниво и дека граѓаните на Њујорк ќе може да прошетаат без грижа.