Вести Македонија Ударни вести

Нуредини: Прогласување на Шар Планина за Национален парк

Сподели:

 

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска ќе одржи прес-конференција по повод донесувањето на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, Национален парк.

Зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните вредности, создавање поповолни услови за одржување, развој и унапредување на природните вредности, спречување на дејствија со кои посредно или непосредно може да се промени состојбата на природните вредности, одржување и управување на националниот парк, со цел заштита на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и природното наследство и регулирање на односот на човекот кон природата, заради зачувување на автентичната состојба на националниот парк, се конкретните цели на законот.

Со законот се поставува основата за зачувување, унапредување и одржливо користење на природните богатства за научно истражувачка, културна, воспитно-образовна, туристичко-рекреативна и друга намена.

Вкупната површина на Националниот парк Шар Планина изнесува 54 215 хектари, што претставува 13,2 отсто од севкупната територија на Северна Македонија.

Основната цел на законското решение е обезбедување на заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес.

Сподели: