ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател, Барак Обама, најави дека во четврток ќе го посети Орландо и ќе одаде почит на убиените во најкрвавиот вооружен напад што досега се има случено во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, соопшти дека претседателот Обама во четврток ќе отпатува во Орландо со цел да искаже солидарност со ЛГБТ популацијата које се опоравува од шокот по вооружениот напад во кој во ноќен клуб се убиени 49, а ранети 53 лица.
Во ноќта саботата кон неделата во ноќниот клуб во Орландо во сојузната американска држава Флорида, американски државјанин со потекло од Авганистан, Омар Матен (29), изведе крвав вооружен напад во кој уби 49, а рани 53 лица, по што е убиен во престрелка со полицијата.
Извор :Anadolu Agency Macedonian