Обама одобри зајакнато ангажирање на војската на САД во Авганистан

Сподели

amerikanska_vojska

Претседателот на САД, Барак Обама одобри закајнато ангажирање на американските трупи во поддршка на авганистанската војска во конфликтот со талибанците.

Официјални лица од САД велат дека американските војници нема само да ги обучуваат и советуваат авганистанските трупи, туку дека ќе ги следат и во операциите на терен.

Со ова е проширена постоечката мисија на војската на САД која не учествува во борбите во Авганистан, но не е одобрена нова мисија.

Обама кој во претседателската кампања најави дека ќе стави крај на военото ангажирање на САД во Ирак и Авганистан, одлучи во октомври 2015 година, да го одложи целосното повлекување и да задржи 9.800 војници оваа година.

Во американскиот напад на беспилотно летало во мај, убиен беше талибанскиот лидер Мула Ахтар Мухамед Мансур, а Обама тогаш рече дека тоа е јасна порака за талибанците и другите и дека САД ќе ги штити своите луѓе.

Обама одобри зајакнато ангажирање на војската на САД во Авганистан