Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Хирошима, со што стана прв претседател на САД кој го посетил градот кој беше уништен во американскиот нуклеарен напад во 1945 година.
Обама претходно рече дека за време на својата историска посета на Хирошима нема да се извини за атомската бомба фрлена на крајот на Втората светска војна.
– Задачата на историчарите е да поставуваат прашања и да вршат истражувања, но како некој кој ја врши оваа функција во последните седум ипол години, знам дека секој државник носи многу тешки одлуки, особено за време на војна – рече Обама пред посетата на Јапонија, каде учествува на самитот на земјите од Групата 7 (Г7).
Неколку часа пред историската посета на Хирошима, Обама рече дека тоа покажуваа дека поранешните противници, Јапонија и САД, не само што станале партнери, туку и најдобро пријатели и најсрдечни сојузници.
После самитот на Г7, а пред посетата на Хирошима Обама ја посети американската база во западна Јапонија. Тој повтори дека нема да се извини за американскиот нуклеарен напад на Хирошима, но дека ќе им оддаде почест на загинатите во Втората светска војна.
– Хирошима не потсетува дека војната, без разлика на причините или земјите кои се вмешани, резултира со огромни страдања и загуби, посебно меѓу невините цивили – рече Обама.