Објавена книгата за деца и млади „Алма и седумте чудовишта“

Сподели

 

Во издание на „Бата прес“, излезе од печат книгата за деца и млади „Алма и седумте чудовишта“ од шпанските писателки Ирија Г. Паренте и Селене М. Паскуал. Автор на илустрациите е Ирис де Муј, а од шпански на македонски јазик ја преведе Катерина Јосифовска.

Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура и од Европската Унија и е во рамките на проектот „За нивната иднина“, со кој „Бата прес“ во оваа и во следната година во програмата „Креативна Европа“ ќе објави 15 книги за деца и млади од 15 познати европски автори.

Популарниот шпански дневен весник „Ел паис“ го прогласи овој роман за една од најдобрите книги за млади во 2014, а во 2015 година, со истиот роман ја освоија познатата национална книжевна награда „El templo de las mil puertas“.