Објавени добитниците на Пулицеровата награда, „Њујорк тајмс“ со три признанија

Сподели

„Њујорк Тајмс“ освои три Пулицерови награди, додека „Њујорк Дејли Њуз“ и „ПроПублика“ ја поделија наградата за јавни услуги.

Заедничкиот напор на „Дејли Њуз“ и „ПроПублика“ победи со серија написи за широко распространета злоупотреба на децениското право на полицијата во Њујорк да ги иселува луѓето од нивните домови и бизнисите, поради наводни нелегални активности.

Истрагата, која се состоела од испитување на повеќе од 1.100 случаи, покажа дека Управата на полицијата речиси секогаш била насочена кон домаќинствата и продавниците во малцински населби. Истрагата предизвика Њујорк да го преиспита овој закон и да изгласа сеопфатни реформи.

„Тајмс“ победи за фотографија од вонреден настан, пишување и меѓународно известување. Даниел Берехулак победи со фото есеј на тема „Тие не колат како животни”, составен од портрети од војната против дрогата на Филипините.

Репортерите на „Тајмс“, исто така, ја добија наградата за меѓународно известување за серија написи за руското влијание во светот. Истражувањето, во соработка со уште неколку истражувачки тимови, откри како Русија го шири своето влијание во земјата и странство.

Дејвид А. Фарентхолд од „Вашингтон пост“ ја освои наградата за национално известување за својата работа во текот на претседателската кампања на фондацијата на Доналд Трамп. Пеги Нунан, пак, од „Вол Стрит Џурнал“ ја освои наградата за коментар, за своите колумни што според Пулицеровиот Одбор ги „поврзале заедничките особини на Американците за време на една од најразделните политички кампањи во државата”.

Пулицеровите награди годинава доаѓаат во период кога многу медиумски организации се соочуваат со финансиски притисок за снабдување ресурси кои на новинарите им дозволуваат да си ја вршат својата работа непречено. Тие, исто така, доаѓаат откако претседателот Трамп ги нарече медиумите „непријател на американскиот народ.”

Но, барем за еден ден, редакциите се собраа за да прослават, а новинарската индустрија се фокусираше на своите достигнувања и цели, а не на проблемите.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, новинската компанија „МекКлатчи“ и „Мајами Хералд“ ја поделија наградата за нивното известување за милионите документи познати како „Документите од Панама“. „Хералд“, исто така, победи во друга категорија, односно Џим Моран ја освои наградата за уредувачка карикатура.

Наградата за уредништво е доделена на „Арт Кален“ од Сторм Лејк Тајмс, весник кој се печати двапати неделно во Ајова со тираж од 3000 примероци, за „воведни статии со истрајно истражување, импресивна експертиза и ангажирано пишување кое успешно ги предизвика моќните земјоделски корпорациски интереси во Ајова“.

radiomof.mk