Обука за заштита и спасување во Општина Охрид

Сподели

 

Подготвка на раководниот и командниот кадар од просторните сили за заштита и спасување, во делот на превенција и делување во случај на природни непогоди и други несреќи, беше целта на обуката која беше организирана денеска во Општина Охрид.

Обуката ја спроведе Центарот за обуки при Дирекцијата за заштита и спасување и на неа учествуваа вработени во Локалната самоуправа кои се членови на Кризниот штаб, претставници на јавните претпријатија, претставници на противпожарната единица, претставници на единицата за планинско спасување и спасување на вода, медицински лица и претставници на други институции.

Согласно одредбите од Законот за заштита и спасување имаме донесено Програма за заштита и спасување, која предвидува превентивни и плански програмски мерки кои се преземаат со цел навреме да се откријат и спречат природни непогоди и други несреќи и да се отстранат последиците од настанатите природни непогоди во мир, воена и вонредна состојба, изјави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.