Од денес 0% ДДВ за основните прехранбени продукти за намалени малопродажни цени

Сподели

 

Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5% на 0%.

Со стапувањето на сила на оваа мерка сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2,8%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца, ќе се издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0%.

Истовремено со оваа мерка ќе се изврши надолен притисок врз малопродажните цени на овие производи со што ќе се делува и на намалување на вредноста на потрошувачката кошница. За позначаен ефект оваа мерка се спроведува паралелно со мерката за замрзнување на маржите кај овие производи.

Покрај оваа мерка, во пакетот 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите е вклучена и мерката за продолжувањето на примената на повластената стапка од 5% на ДДВ кај електричната енергија кон домаќинствата до крајот на 2022 година, како и мерките за намалени акцизи и ДДВ за горивата со кои во моментов Република Северна Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил ги повика граѓаните да побараат фискални сметки во маркетите.