По една деценија, од денеска граѓаните ќе можат да ги земаат новите лекови на позитивната листа од аптеките.
На листата се додадоа девет нови генерици, односно 87 лекови во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.
Последното проширување на позитивната листа беше во 2009 години и во 2014, кога се додал само еден лек. Но, од денеска таа е проширена за 9 нови лекови.Со ова проширување од 9 нови лекови, значително ќе се намали бројот на пациенти кои приватно плаќ аа за лекови.
Воедно, ова проширување на позитивната листа е само почеток. Се очекува следното ново проширување на позитивната листа да биде кон крајот на декември. Граѓаните конечно добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт и тоа на товар на државата, наместо истите да ги купуваат од сопствените џебови прескапо, а често и од соседните земји.
Ова е значително олеснување за сите пациенти, вкупно еден милион евра со проширување на позитивната листа ќе остануваат кај граѓаните.