Угостителските објекти од денеска се затворени за посетители и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер. Од денеска се затвораат и обложувалниците и казината. Обложувалниците смеат да работат само преку пулт. Мерката е на сила до 20 април.
Со одлуката на Владата, чија цел е превенција од ширење на коронавирусот, од денеска па се до 20.април, ќе бидат затворени сите угостителски објекти.
Од мерката се исклучени рестораните во рамки на сместувачките капацитети, како и угостителските објекти на скопскиот и на охридскиот аеродром.
Угостители кои вршат подготовка и продажба на храна можат да ја доставуваат преку нарачки или пак самостојно подигнување надвор од објектот, преку пулт.
Воведена е забрана и за посета на обложувачниците, додека од вчера се затворени и фитнес-клубовите и спортските сали.