Од идната недела ќе почне издавањето ковид сертификати за патување

Сподели

 

Mинистерот Филипче најави и дека од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати, со кои ќе може да се патува во европските држави.

“Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа е електронски QR код, што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР-тест и евентуално за антитела, па кој било од трите параметри, за да може патникот да ги има со себе ако се патува во која било европска земја”, изјави министерот Филипче, и додаде дека во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите членки”.