Квадкоптерот за еден патник кој беше презентиран на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас во 2016 година од летово ќе почне да пренесува патници. Како што најавија од Агенцијата за транспорт и патишта на Дубаи, кинескиот дрон EHang 184 ќе почне со редовни летови во овој футуристички град во јули годинава.
Всушност, EHang 184 веќе лета околу облакодерот Бурџ Ал-Араб, каде што има место за слетување на хеликоптери. Ова не е само модел, туку властите на Дубаи експериментираат со возилото. Не е прецизирано дали тие летови ќе ги врши човек, но овој патнички дрон досега има добиено повеќе надградби на првичната верзија. Дронот може да лета околу половина час на максимално растојание од околу 20 километри, а капацитетот за патници е ограничен на 113 килограми плус мал патнички куфер. 184 ќе комуницира преку 4G мрежа со контролна соба.