Од полноќ дизелот поевтин за 1 денар

Сподели

 

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на Еуродизелот се намалува за 1 денар за литар, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

Од вечерва литар дизел гориво ќе се продава по цена од 70 денари.

Се менува и цената на мазутот кој ќе поскапи за 0,022 денари за килограм и ќе се продава по цена од 41,029 денари за килограм.

Останатите горива остануваат со непроменети цени. Моторниот бензин Еуросупер БС-95 чини 80 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 се продава за 82 денари за литар.

Екстра-лесното масло останува со цена од 69 денари за литар.