Од полноќ дизелот поевтин за 2.5 денари

Сподели

 

Малопродажната цена на дизел горивото од полноќ ќе се намали за 2,5 денари по литар. Со тоа, еден литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе чини 82 денари.

За 2 денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство, кое од вечерва на бензинските станици низ земјава ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар.

Цените на брнзините остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе чини 84 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98  ќе се продава за 86 денари за литар.