Од полноќ бензините и дизел горивото поевтинуваат за 1,50 ден/литар, информираат од РКЕ. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,152 ден/кг и сега ќе изнесува 45,757 ден/кг.
Од 23.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,757 (денари/килограм)