Од полноќ поскапуваат горивата

Сподели

 

РКЕ донесе одлука со која од полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Со тоа, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС-95 – 78,50 (денари/литар), Моторен бензин Еуросупер БС-98 – 80,50 (денари/литар), Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС – 39,433 (денари/килограм).