Денеска се одбележуваат 13 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље, во близина на Мостар.
Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.
Во авионска несреќа што се случи на 26. февруари 2004. година, загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација, која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.
И во двата извештаи, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.
Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.