Одбележување 21 годишнина од смртта на Борис Трајковски

Сподели

Делегација на Собранието, предводена од Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието, во состав Бети Стаменкоска-Трајкоска и Митко Трајчулески, по повод 21-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, утре на 26 февруари, во 11 часот, ќе положи свежо цвеќе на Алејата на великаните, Градски гробишта Бутел.