Одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка

Сподели

 

По повод одбележувањето на 11 март – Денот на депортацијата на македонските Евреи, 80 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта-Треблинка, Собраниски делегации ќе положат цвеќе Во Битола, Штип и Скопје.

Собраниска делегација, во состав: Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска, денеска ќе положи цвеќе во Битола пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара.

Утре, 10 март, собраниска делегација во состав: Емилија Рамбабова и Никола Мицевски цвеќе ќе положи пред Споменикот на депортираните Евреи во Штип.

Во недела, 12 март, собраниска делегација во состав Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе оддадат почит на жртвите Евреи од Скопје. Ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на 7144 македонски Евреи во Тутунски комбинат-Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејски гробишта – Градски гробишта Бутел.