Одбележување на Европскиот ден на еврејската култура

Сподели

Европскиот ден на еврејската култура ќе биде одбележан од Еврејската заедница во Република Македонија вечер во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Оваа манифестација се одржува истовремено во 32 европски земји, а Еврејската заедница во Македонија ја одбележува по тринаесетти пат. Секоја година темата е различна и ја поставува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство. Оваа година темата е „Раскажи ми приказна“, која е под режисерската палка на Снежана Коневски-Руси.

„Раскажи ми приказна“ е спој на глума, слика и музика, а на сцената ќе раскажеме еврејски приказни од Македонија и од Балканот. Настапува хорот на Еврејската заедница во Република Македонија „Моис Хасон“, соопшти Еврејската заедница во Република Македонија.