Oдбиените апликации од годишните конкурси за културата денеска на проверка

Сподели

По бурните реакции во јавноста околу распределбата на средствата за проекти од областа на културата за 2019 година, денеска во Министерството за култура ќе бидат разгледани сите одбиени апликации на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

Ова го најави министерот за култура Адеми, кој најави дека сите апликации за кои има трошка сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста, и сите апликанти кои се одбиени пповторно ќе се анализираат. Доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.