Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска рече дека меѓународната конференција, предвидена за 30 мај во Париз, на која требаше да се поттикне израелско-палестинскиот мировен процес, е одложена за летово.
– Американскиот државен секретар Џон Кери не може да дојде на 30 мај. Конференцијата ќе се одржи летово. Оваа иницијатива е неопходна – изјави Оланд.
Конференцијата, која ја предложи Франција, треба да ги заживее мировните преговори.
Извор meta.mk
Одложена конференцијата за израелско-палестинскиот мировен процес