Одложено рочиштето за „Титаник 2“

Сподели

Рочиштето за предметот „Титаник 2“ на СЈО во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година е одложено за 10 мај. Судијата Огнен Ставрев го прифати барањето на одбраната за одложување со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што на денешното рочиште го подели обвинителката Фатиме Фетаи.

На судењето присутни беа и обвинетите, лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков. Во случајот обвинети се и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои исто така беа присутни на рочиштето.