Според програмата покрај „Танец“ ќе настапат културно уметнички друштва и ансамбли од Битола, Вевчани, Истибања, Бугарија, Црна Гора и Австралија, а фестивалот ќе биде затворен со настап на фолклорното друштво „Отекс“ со „Билјана платно белеше“
ОХРИД (АА) – Со богата културно-уметничка програма од 7-ми до 10-ти јули Охрид ќе биде домаќин на 55-то издание на Балканскиот фестивал за народни песни и игри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот традиционално ќе го отвори Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“, по сугестија од публиката со постари изведби.
„Сакавме да го одбележиме 55-от јубилеј не со некои помпезности, туку се водевме по барање на публиката повеќе да го обновиме стариот репертоар. На отворањето „Танец“ ќе се претстави со „Солунка“, „Тресеница“, „Драчевка“, ќе имаме „Пијанец“, песни. Имаме балканска турнеја која ја поделивме на два дела за да можеме да се вратиме и да бидеме дел од Балканскиот фестивал на народни песни и игри”, истакна Џорлев.
Според програмата покрај „Танец“ ќе настапат културно-уметнички друштва и ансамбли од Битола, Вевчани, Истибања, Бугарија, Црна Гора и Австралија, а фестивалот ќе биде затворен со настап на фолклорното друштво „Отекс“ со „Билјана платно белеше“.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри е една од ретките манифестации од овој вид во регионот што опстојува повеќе од пет децении и успева да го задржи своето реноме, покривајќи ги и трошоците на учесниците.
AA.COM.TR