Во организација на Нуркачкиот Центар “АМФОРА” од Охрид се реализира голема еколошката акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2023”.
Акцијата се изведе на две локации – Извори Св Наум, Пристаниште Св Наум – манастир Св Наум.
На акцијата зедоа учество 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар “Амфора”, Спелеонуркачки клуб “Врело” од Скопје, како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар “Амфора”.
Од дното на Езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго.
Проектот е реализиран со подршка на Скопско АД Скопје и на Ресторан Острово Св.Наум.
Голема благодарност и до ЈП Комуналец Охрид, кои на секоја акција навремено го подигнуваат извадениот отпадот и го транспортираат до депонија.
-“Повторно ќе потенцираме дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад”, ни објаснува раководителот на “АМФОРА” Јован Секулоски.
Интернационален Инструктор и тренер, потенцира, дека со реализација на проектот пред неколку години дадовме предлог да се изградат мини брани со кои во голема количина ќе се намали цврстиот отпад во езерото, а со една и единствена цел Вистинска заштита на Охрдското Езеро.