Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против лицето што за време на насилниот упад на граѓани во Собранието на 27. април, за коса ја влечеше сегашната министерка за одбрана, а тогашна пратеничка, Радмила Шекеринска.
За ова кривично дело предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.
По завршената истражна постапка, ОЈО поднел обвинителен акт за осомничениот до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.