ЈАВНА СОБА, 17 октомври
Издавачкиот центар ТРИ организара настан „Омаж за Дилан“, кој ќе се одржи денеска од 19 часот во просториите на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. На настанот присутните ќе имаат можност да го слушнат професорот Ферид Мухиќ и неговото обраќање посветено на лауреатот, додека за разните аспекти на Дилановиот живот и творештво ќе говорат и Елизабета Шелева, Ѕвездан Георгиевски, Дарко Лешоски и Сашо Гигов-Гиш.
Во програмата е предвидено и читање на извадоци од „Хрониките“, односно автобиографијата на авторот, објавена од Издавачкиот центар ТРИ уште во 2010, проследено со дискусија. Веднаш потоа публиката ќе има можност да слушне и изведби во живо на некои од Дилановите клучни песни и да погледне инсерти од неколку документарни филмови посветени на него.