ОН: Во светот годишно се фрла храна во вредност од 940 милијарди долари

Сподели

12-01-2014Food_Security-860x614

Околу една третина од вкупното количество храна во светот се расипува или се фрла додека се транспортира од местото на кое е произведена до местото каде што се консумира, а чијашто вредност е до 940 милијарди долари на глобално ниво, проценува Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации.

Новиот глобален стандард за мерење на загубите и фрлање на храната ќе им помогне на земјите и на компаниите да ги зајакнат напорите за поефикасно складирање, транспорт и за консумирање храна, соопштија денеска креаторите на овој стандард.

Овие напори треба да резултираат со насочување на вишокот храна кон 800 милиони гладни луѓе во светот и намалување на емисија на штетни гасови која произлегува од остатоците неизедена храна, а која во вкупните климатски проемни придонесува со околу осум отсто.

ОН: Во светот годишно се фрла храна во вредност од 940 милијарди долари