Операта „Палјачи“ на сцената на Националната опера и балет

Сподели

 

Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20:00 часот. Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата преточена во операта „Палјачи“,  на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров,  во улогата на  Неда – Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио – Драган Ампов, а во улогата на Арлекин – Дејан Стоев  во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.