Операта “ПИКОВА ДАМА” утре во МОБ

Сподели

На 14 декември со почеток во 20.00 ч. на сцената на Македонската опера и балет, љубителите на класичната музика и операта ќе имаат уникатна можност да уживаат во изведбата на една од најголемите опери на сите времиња – „Пикова дама“ од П. И. Чајковски во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна. Гостувањето е резултат на меѓународната соработка и разменатаво областа на културата и уметноста.

„Пикова дама“ е опера во три чина од големиот руски композитор П. И. Чајковски. Либретото се базира на истоимената новела од Александар Пушкин од 1834 година.

Билети:Билетарница:078 426 536 ; 02 3118 451 Онлајн: https://t.ly/PikovaDama1412

Фото: Държавна опера Варна / State Opera Varna

од фб страната на Национална опера и балет