Општина Илинден домаќин на 28-те регионални спортски игри на пензионери

Сподели

На спортските терени во Општина Илинден се одржаа 28-те регионални спортски игри на пензионери од првиот регион, во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, домаќин е Здружението на пензионери „Илинден“, а целиот настан е со поддршка на Општина Илинден.

На овие Спортски регионални натпревари учествуваат 9 здруженија на пензионери или околу 400 учесници кои се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. На свеченоста по повод отворањето на игрите присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претседателката на Сојузот на пензионерите, Станка Трајкова како и претседателот на здружението на пензионери, Васе Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Георгиевски истакна со одржувањето на овие спортски игри на дело се покажува убав пример за здрави навики во секојдневното живеење на повозрасните граѓани, затоа локалната самоуправа секогаш во рамки на своите можности ќе дава поддршка за ваквите манифестации. Регионалните спортски игри се пример дека спортот, желбата и натпреварувачкиот дух се движечка сила особено кога станува збор за луѓето од третата доба. Со поддршката и реализацијата на ваквите активности овозможуваме и создаваме услови за подобар квалитете на животот на нашите пензионери.

Спортските игри се одржува на неколку локации во зависност од дисциплината, а пензионерите се натпреваруваа во тегнење јаже, атлетика, кошарка, пикадо, шах, и уште неколку дисциплини во кои пензионерите ги измерија своите сили.

Најдобрите од спортските игри ќе учествуваат на Републичките спортски игри кои ќе се одржат во наредниот период.