Општина Кочани го врати името на улицата „ВМРО“ во „Маршал Тито“

Сподели

Општина Кочани го врати името на една од централните улици, што неколку децении го носеше името на претседателот на некогашната СФРЈ, Јосип Броз – Тито.

Советниците од коалицијата на СДСМ го сменија името на улицата во „Маршал Тито“ со поддршка на еден независен советник. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на гласањето ја напушти седницата на Советот.

Името на улицата „Маршал Тито“ беше сменето во „ВМРО“ во пакет со 18 кочански улици во 2014 година, кога мнозинството во Советот го имаше ВМРО-ДПМНЕ.