Општина Куманово го прогласи утрешниот ден за ден на жалост

Сподели

 

Советот на општината Куманово едногласно го прогласи утрешниот ден за ден на жалост и ги откажа сите активности и манифестации предвидени за утрешниот ден.

Седницата на Советот започна со едно минутно молчење, додека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, изрази сочуство и вети подршка и помош за настраданите во Романовце.

“Истрагата треба да ги открие причините за трагедијата и да излезат со точни информации. Користам прилика да изразам сочувство за двете семејства, бидејќи станува збор за случај каде наши сограѓани ги изгубија животите. Изразувам подршка за семејствата, а на повредените им посакувам да го надминат ова. Со сила им порачам дека сите ние кумановци, без разлика на национална и религиска припадност, сме со нив и ќе ги подржиме институционално и неиституционално и на секаков можен начин” – изјави градоначалникот Димитриевски.