Општина Центар: Угостителските објекти да ја прилагодат музиката согласно трагичната смрт на Вања

Сподели

 

Општина Центар по повод немилиот настан и трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ “Јохан Хајнрих – Песталоци“ дава препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката согласно жалниот настан.

Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.