Општина Центар: Услугата на проектот „Нега за стари лица“ ја користат 77 граѓани

Сподели

 

Услугата „Нега за стари лица во домашни услови“ е најдобриот проект кој е наменет за  граѓаните во поодминати години, оценуваат пензионерите од Општина Центар. Горан Герасимовски, градоначалникот на општината, заедно со претставници од граѓанската организација „Хуманост“, посетија дел од корисниците на услугата, им доделија скромни подароци, а за возврат добија високо позитивни оценки за проектот.

 

 

„Со проектот ги опфаќаме највозрасните лица од нашата општина кои навистина имаат потреба од туѓа помош, односно нега од трети лица. Оваа услуга во моментов ја користат 77 граѓани постари од 60 години, но има можност за зголемување до 90 корисници. Проектот годинава го проширивме и наместо два дена по два часа во неделата бесплатна медицинска нега за корисниците, ќе има три пати по три часа. Во проектот покрај медицинската нега од сертифициран негувател, медицинска сестра, физиотерапевт и социјален работник, граѓаните ќе може да користат и административна помош од мобилни тимови од општината“, изјави Герасимовски.

 

 

Општина Центар секоја година го надградува проектот со цел да опфати повеќе лица и да понуди поголема помош за корисниците на овие услуги. Во општината има и возрасно население кое нема друг начин да ги добива овие услуги но ги користи благодарение на општинската.

Герасимовски смета дека овој проект е позитивен и корисен и како таков им е потребен на сите возрасни граѓани во сите општини. Тој се надева дека услугата ќе биде препознаена и од другите општини кои ќе го пресликаат во корист на своите родители, баби и дедовци.