Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски

Сподели

Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Никола Груевски, рече вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан во парламентот на Унгарија, пишува унгарскиот новински сајт „Азонали“.

-Видете, нема време двапати да се вдише и издише, гледате како се натегаме тука – одговори Орбан на пратеничко прашање дали се сретнал со поранешниот македонски премиер кој преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија и таму доби азил.

На прашање од „Азонали“ да појасни дали се сретнал со Груевски кога овој пристигнал во Унгарија, Орбан одговара „Не, за жал тоа не се случи“.

-Сега сум среќен што сум жив. Не паничете, ако се случи тоа, ви ветувам дека ќе ви кажам – вели Орбан.

meta.mk