Лансиран е шпионски сателит NROL-76 на американската Агенција за извидување со помош на Фалкон 9 ракетата на СпејсЕКС. Поради тајноста на содржината на сателитот и неговата точна орбита, вториот стадиум од летот не беше пренесуван со слика.
Затоа преносот на оваа мисија беше фокусиран само на првиот стадиумм од летот кој беше пратен со камери кои можеа да ја снимаат ракетата детално од лансирањето до приземјувањето, воедно беше пропратен со детална телеметрија на неговата моментална брзина и висина на која се наоѓа.
Ова е прв лет на Фалкон 9 ракетата чиј прв стадиум е детално пратен со камери од Земјата за време на целата мисија. Од снимката може да се забележат сите маневри кои се превземаат додека трае летот, а секако можеби најинтересен е делот кога се палат ракетните мотори при влез во атмосферата.