Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија.
Министерот Османи изјави дека е грешка што во сиве овие години Северна Македонија немала амбасадор во Бугарија.
“Се надевам дека овие денови веќе ќе имаме име за нов амбасадор во Бугарија.”
Последниот амбасадор на Северна Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев чиј мандат заврши на крајот на март 2020 година.