Османи за „Клик Плус“: Рама жестоко ја бранеше Македонија

Сподели

 

„Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, до толку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам“, коментираше министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 околу реакцијата на Еди Рама кога го претстави премиерот Ковачевски како премиер на „идна Западна Бугарија“.

Рама не е должен толку силно да ги подржува нашите ставови, а тоа сите што беа таму го видоа, затоа мислам дека оваа критика кон него е бесмислена и некоректна. Секој кој ја следел неколку часовната дебата внатре ќе знаат која беше целта на тој сарказам. Јас можам во името на владата само да се заблагодарам за силната поддршка која таму ни ја даде премиерот Рама“, изјави Бујар Османи.