Во организација на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош и невладината организација „Пркос“, денеска во ООУ „Димо Хаџи Димов“ се одржа промотивен настан во чии рамки беа презентирани печатени материјали и информативно видео од едукативен карактер, наменети за основците од Карпош.

Станува збор за брошура, постер и промотивно видео насловено како „10 совети за учтиво однесување со деца со пореченост“ чиј автор е НВО „Пркос“, која е лоцирана на територијата на локалната самоуправа.

Печатените материјали и информативното видео ќе бидат достапни и употребливи за учениците од сите основни училишта во Карпош кои во рамки на образовната настава ќе се едуцираат, како најсоодветно да се однесуваат и притоа да ги вклучат своите соученици со попреченост во инклузивниот процес. Во таа насока, Општина Карпош финансиски ги покри трошоците за изработка на печатените материјали и информативното видео. На денешниот промотивен настан присуствуваа стручните соработници од основните училишта во Карпош, претставниците од НВО „Пркос“, како и вработените од Секторот за дејности од јавен интерес.
