Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија обемна дива депонија лоцирана во населбата Трнодол, во скопската општина Карпош.
Подигнати се и транспортирани 12 кубни метри претежно мешан комунален и кабаст отпад.
Воедно, во текот на минатата седмица, Еко-патролата на Претпријатието изготви вкупно 28 едукативно-информативни записници за непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во централното градско подрачје – во близина на Домот на градежниците, во Старата скопска чаршија, како и во реонот зад Капитол Мол во општината Аеродром.