Отстранети диви депонии во Бутел и Чаир

Сподели

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжија со реализација на активностите за расчистување на дивите депонии во скопските општини Бутел и Чаир.

Во општината Бутел се отстранети приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депониии лоцирани на улицата Босна и Херцеговина – кај социјалните згради, како и на улицата Скоевска, во непосредна близина на Спортската сала во населбата Радишани. Подигнати се и транспортирани и околу 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Цветан Димов и Џон Кенеди во скопската општина Чаир.