Отворање на 21-то издание на ТАНЦ ФЕСТ

Сподели

Отворање на програмата на 21-вото издание на најголемиот фестивал за современ танц во државата – ТАНЦ ФЕСТ!

Настап на „UCSB“ танцовата компанија од Санта Барбара, Калифорнија, САД. [9 минути]

Доделување на наградата Менада за исклучителни достигнувања во полето на танцот на
ѕвездата на Париската опера, РОКСАН СТОЈАНОВ!

Јубулејниот перформанс кој обележува 45 години уметничко творештво на нашата РИСИМА

РИСИМКИН – ИДЕНТИТЕТИ БУДЕЊЕ!

Продукцијата на СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР – Идентитети – Будење е третиот дел од трилогијата Идентитети, на кореографката Рисима Рисимкин, како завршница, по претставите под наслов Идентитети, од 2019 година и Идентитети – Историја на еден растегнат сон, од 2020 година. Во оваа трилогија, кореографката Рисимкин, ги истражува меѓучовечките односи и корелациите на воспоставените форми на однесување, стереотипите, како и распаѓањето и дисекцијата на овие воспоставени форми и односи. Идентитети – будење, се занимава со личните чувства, идентитетските слики и емоции на танчарите, преку длабока опсервација на интимното, со цел да го открие личното преку колективното.

Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Времетраење 40 минути.
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Дизајн на сцена: Матеа Мијановиќ
Настапуваат: Саша Ефтимова (к.г.), Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија
Данчевска, Стефани Шаршмит, Сара Димовска, Лука Ѓорѓиевски, Давор Милев, Илина
Костова, Моника Шолевска, Нина Петрушевска, Теона Ѓуревска, Надја Луканова, Ивона
Манасиевска, Елена Терзиева, Микаела Колцунова, Миа Петровиќ, Талиа Петров, Ече
Ерол, Дора Пајдакова, Мила Анѓелова, Моника Ѓорѓиева, Јана Ѓоршоска, Ивана Ралев,
Евгенија Павловиќ, Евгенија Симоновска

Во претставата учествуваат солисти и првенци на Скопје танцовиот театар, гостинката од
Националниот балет, Саша Ефтимова, како и студентие од Катедрата за танц од УГД и
ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Балетски оддел, современа насока.

ИДЕНТИТЕТИ-БУДЕЊЕ
Рисима Рисимкин – 45 години уметничко творештво

Програмата на фестивалот се протега од 29ти Април до 13ти Мај 2025, а деталната програма можете да ја видите на нашата веб страна: https://interart.com.mk/dance-fest-skopje/df2025/

Фестивалот е поддржан од Министерството за Култура и Туризам, Универзитетот Гоце Делчев Штип, Францускиот Институт во Скопје, Виталија и Бовин.