Синоќа во Вевчани по четиринаесети пат беше отворен фестивалот на народна култура „Пображење“.
Фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој поздравувајќи ги присутните рече дека е чест да го отвори фестивлот кој e важен дел од нашето културно ткиво, настан кој ја одржува живата врска меѓу минатото и сегашноста.
-Традиционалниот фестивал „Пображење“ е место каде што се спојуваат генерации и каде културата преку настапите и креативноста на уметниците и изведувачите од повеќе држави добива нова димензија. Тие ќе ни ги претстават етнокореолошките вредности, фолклорната традиција, музиката, песната и сето она што е обележје на земјата од која доаѓаат.
Љутков изрази задоволство што Министерството за култура и туризам е покровител и поддржувач на овој културен настан, кој на особен начин го збогатува културното живеење во Вевчани во овие летни денови.
Фестивалот во организација на Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани продожува и вечерва со настапите на фоклорни ансмабли од Србија, Словачка и од Македонија.