Пратеничките Емилија Ангелова и Ангелинка Петкова остварија средба со претставници на Коалицијата Менуваме и на Црвениот крст на Македонија.
Дискусијата беше во насока на унапредување на правата на заедницата на лицата со попреченост.
Гостите имаа можност да ги посочат проблемите со кои се соочуваат и да дадат свои идеи и конкретни предлози за решавање на истите. Со оглед на комплексноста на проблемот, тие побараа пратениците да бидат медијатори, да се направи тим посветен на оваа област.
Присутните беа согласни да се овозможат фер практики со кои ќе се спречат нерегуларностите, со вклучување на Црвениот крст, кој ги познава работите директно од терен.