Озборн: Британија е фискално стабилна

Сподели

dzordz-ozborn-860x680

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска соопшти дека никој не треба да се сомнева во фискалната стабилност на Велика Британија.

– Британската економија може да се соочи со тоа што ја очекува. Државата ќе го активира член 50 кога ќе биде подготвена за тоа. Само Британија може да го активира членот 50. Според мене, ние треба да го направиме тоа само откако ќе имаме јасна визија за новите договори што ќе се обидеме да ги постигнеме со нашите европски партнери – додаде Озборн.

извор: meta.mk