Експретседателот на Кривичен, судијата Владимир Панчевски, денеска треба да се појави во судница каде што пред судија за работни спорови ќе треба да ја изнесе својата одбрана на тужбата за мобинг поднесена против него, јавува 24 Вести.
Горан Стаменковски од Одделението за човечки ресурси го тужи Панчевски бидејќи во подолг временски период го прераспоредувал на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот, се наведува во тужбата.
Покрај тоа Панчевски го користел и своето влијание во други кривични постапки кои се водат против Стаменковски. Освен тужбата, стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.