Панорама 2 или copy-paste сценарио од 27 април 2017 година?!
Деновиве се погласни се шпеклуациите дека некои ретуширани и подоцна освестени нови и стари вмровци откако се изнаслужија по туѓите одаи и дворови, а опиени од желбата за ,,реформи” решиле да се подисправат и да покажат сила. Тие сега се погласно зборувааат дека доколку Груевски не поднесе оставка по локалните избори, насилно ќе влегле во партиското седиште и ќе ја освоеле партијата.
И замислете, ни помалку ни пов…еќе токму на 23 октомври на Денот на македонската револуционерна борба. Брееее, бреее….. јуначишта невидени. Браво бре херои. Од кротки јагниња кои јадеа од рацете на сите оние кои што ќе им понудеа нешто, сега наеднаш станаа лавчиња кои што сакаат (или мораат) да грицкаат и гребат по малку.
Доколку ова не е само ефтина шпекулација тогаш можно е да се работи за проsирно внатрепартиско сценарио кое е copy-paste на сценариото за насилно влегување во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, иако има и многу елементи и на случувањата во хотелот Панорама, во не така далечната 2003/204 година?.
Повторно демек спонтано собирање на незадоволни сопартијци, повторно некои одвнатре ќе ги отвараат затворените сега партиски наместо парламентарни врати, повторно егзалтирана маса ќе влезе во партиските простории (нормално Груевски нема да биде таму), многумина од нив ќе се изнасликааат со ,,обесените” слики. ќе има некое скршено стакло и…….!!!!!
И ке дојде ,,чуварот”и ќе ги избрка тазе хероите.
Да се разбереме доколку дојде до реализација на оваа тајно/јавна замисла од нејзе само корист ќе има Никола Груевски. Тој само половина час по евентуалното ,,насилно и спонтано” влегување во партиското седише, во некоја од многубројните објекти на партијата заседнат во удобна фотеља (се разбира со папучи на нозете) јавно ќе обвини за обид за пуч. Изгубените избори наместо да изнудат негова оставка, со ваков замислен и евентуално реализиран расплет само ќе го зајакнат неговото опстојување и неговата позиција во партијата. Во меѓувреме ќе биде обвинета партијата на власт и странските амбасадори дека стојат во позадината на обидот за насилно и недемократско сменување на лидерот на ДПМНЕ.
Многумина од нас се уште паметат како започна и како заврши Панорама 1. Иста ,,мета” само друго време и други актери, но ист бенефит.
П.С. Ако ова дошло до моите уши го поставувам прашањето, дали тоа не дошло и до ушите на Груевски и неговите. Како тоа тој мудро молчи и не превземa ништо против оние кои наводно сакаат ,,насилно” да му ги скинат скалпот? Или пак можеби дечките круна сакаат да му стават?!
До стрегијата ќе да е.